Sei sulla pagina 1di 3

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА 19. 05 .

2010 СРЕДА

1. Темa”Одлики на животната средина"


2. Цели:
- Македонски јазик:
- да се оспособи да пронаоѓа текстови и слики користејќи информатичка технологија
 Математика
- да се оспособува да множи и дели до бројот 10,
- да се оспособува да пронаоѓа непознат деленик,
- Запознавање на околината:
- да се запознае со користа од дивите животни;
- да се запознае со користа од домашните животни и птици,
- да ги продлабочи знаењата за домашните животни и птици и нивното значење,
 ликовно образование
- да се оспособи да работи со фломастер и правилно да ги слика видовите линии
3. Предмети: Македонски јазик;Математика; Запознавање на околината ;Ликовно
образование
4. Програмско подрачје: Јазик ;Множење и делење до 100; Одлики на животната
средина;Сликање
5. Наставни средства: учебници,тетратки,наставен лист,блок,молив,фломастери
6. Наставни методи: аналитичко-синтетички метод, метод на разговор, метод на усно
излагање, метод на практична работа,
7. Место на реализација: училница,кабинет по информатика
8. Индикатори :
- се оспособи да пребарува информации од интернет
- пронаоѓа непознат делител,
- множи и дели до бројот 10,
- ги применува знаењата во решавање на задачи,
- знае за користа од домашните животни и птици,
- забележува,помни и преставува во својот цртеж односи блиски до реалноста,
- воочува и именува разни видови линии во природата и ги применува во ликовното
изразување,
9. Активности на наставникот / ученикот:
Работниот ден го започнувам со запознавање на учениците со активностите, односно целите и
задачите за истиот.
1 час Математика: Равенки - напознат делител
Воведни активности: на почетокот од часот на табла учениците решаваат неколку
задачи - равенки, определување непознат деленик и определување непознат множител.
Учечко поучувачки активности: Преминувам кон определување на непознат делител
Кире имал 45 топчиња и ги поделил подеднакво во 5 кутии.По колку топчиња има во секоја
од кутиите?
45 : x = 5 количник
Деленик делител
45 : x = 5
X = 45 : 5
X= 5
Непознатиот делител се одредува кога деленикот ќе се подели со количникот.
Учениците продлолжуваат со решавање на задачите од учебникот . Ако има одредени нејасни
задачи занднички ги решаваме на табла .
- Евалвациони активности: проверка на задачите од учебникот од страна на учениците и
објаснување доколку има нешто нејасно.
2 час Македонски јазик: Текст за Кирил и Методиј (ИКТ)
- Воведни активности : часот го одржувам во кабинетот по информатика.На кратко со
учениците разговарам за светите браќа Кирил и Методиј.Зошто ги нарекуваме први словенски
учители? Кои се нивните ученици?За да дознаеме повеќе за нивниот живот, нивното дело и
мисијата што ја имале ќе се потрудиме од интернет да добиеме информации.
- Учечко поучувачки активности: им ја откривам целта на часот на Google учениците ќе
бараат за Кирил и Методиј, http://www.vmacedonia.com/archives/4591.htm(истирија за Кирил и
Методиј).Учениците ќе бидат поделени во три групи. Едната група ќе пребарува податоци за
животот на Светите браќа (ќе забележува во своите тетратки). Другата група ќе забележува за
делата, нивната мисионерска дејност. Третата група ќе пронаоѓа слики од Светите браќа иќе ги
копира во Word документ. Откако ќе завршат со собирање на податоците секоја група ќе
презентира пред своите другарчиња.
- Евалвациони активности:
3.час Запознавање на околината-Повторување на темата животни
Воведни активности: неколку ученици ја повторуваат последната лекција-Диви животни и
диви птици.
Учечко поучувачки активности: на кратко со учениците повторуваме за користа и
ползата од домашните животни и птици кои ги има човекот. Потоа повторуваме и за дивите
животни и птици. По што се разликуваат од домашните животни и птици.( по својот изглед и
по своето однесување) Што користи човоекот од дивите животни. Откако ќе повториме
учениците ги делам во групи и секоја група добива задача од темата животни.
Првата група ќе пишува за домашните животни - да се запознае со користа од дивите
животни;
Втората група ќе пишува за домашните птици - да се запознае со користа од дивите
животни;
Третата група ќе пишува за дивите животни - да се запознае со користа од дивите
животни;
Четвратат група ќе пишува за дивите птици - да се запознае со користа од дивите
животни;
По завршувањето на своите задачи секоја група ќе презентира пред другите групи за својата
работа.
Евалвациони активности: откако ќе завршат со презентирањето, изработките ќе бидат
прикачени во соодветното катче.
4. Ликовно образование : Сликање- бои: Кирилски и латински букви(фломастер)
Воведни активности : активноста ја започнувам со разговор преку кој ги освежувам нивните
знаења за линија(тенки,дебели,кратки,долги,прави,криви).
Ги запознавам со активноста на часот цртање различни линии тенки,прави
долги,криви,вертикални...Ќе ги сликаат кирилските и латинските букви со фломастер.
Учечко поучувачки активности: учениците започнуваат со самостојна работа,јас ги
надгледувам,по потреба ги мотивирам.
Евалвациони активности: по завршувањето на цртежите се пристапува кон анализа на
истите и нивно изложување во ликовното катче.

Potrebbero piacerti anche