Documenti di Didattica
Documenti di Professioni
Documenti di Cultura
Livello: A2
Подготвуваш испит? Ако си уморен, нервозен, под стрес, загрижен или лошо
расположен имаме рецепт кој ќе функционира за тебе.
● Не поминувај по цели денови околу книги или компјутер. Повремено
потребна е пауза.
● Спортувај и прави го тоа редовно, оди барем на една прошетка дневно.
Потребни се минимум 30 минути дневно во движење, дури според
Светската Здравствена Организација за децата и младите потребни се и по
60 минути.
● Не земај многу обврски. Дозволи си малку да уживаш во неправење ништо.
● Ако има сонце излези. А ако си дома не ги затворај завесите.
● Не кради часови од сонот. Ако си под стрес треба доволно да спиеш.
● Јади храна богата со магнезиум (како бадеми и спанаќ), храна со Омега 3
како ореви.
● Нема потреба да се откажете од темното чоколадо. Јадете умерено и
уживајте бидејќи навистина предизвикува убаво чувство. Но, не
претерувајте…
● Смеј се! Гледај забавен филм или излези со пријателите, муабети и смеј се.
● Ако си тажен, немаш потреба од лекови, туку од добар пријател. Јави се и
излезете на еден убав муабет.
● Слушај музика и пеј на сиот глас.
● Читај книга и ќе се чувствуваш посреќен.
● Однеси го кучето на долга прошетка и не размислувај на комплицирани
работи. Друштвото на животно несомнено придонесува кон доброто
расположение.