Sei sulla pagina 1di 6

ООУ: “Cв Кирил и Методиј”-М.

Каменица

Програма за дополнителна настава

по англиски јазик

во учебната 2012/2013

Наставник
Маријана Стојановска
Целта на дополнителната настава е да им се помогне на оние
ученици кои потешко го совладуваат материјалот по англиски јазик
или пак сакаат дополнително објаснување. Односно на
дополнителната настава на учениците им се овозможува да ги
совладаат основните знаења кои се потребни за комуникација и
разбирање на материјалот кој се работи во редовната настава.

Намена: да се овозможи помош на оние учениците кои имаат


потешкотии во совладувањето на материјалот од англиски јазик и им е
потребна помош при учењето во текот на учебната година. Исто така
и да се охрабрат, да се подигне нивната самодоверба дека и тие со
континуирана работа можат да го совладаат материјалот.

Начин на реализација: на дополнителната настава учениците ќе ги


работат и повторуваат оние теми и наставни содржини од англискиот
јазик кои им се потешки за разбирање , а тоа ќе се прави преку
разговор, усна комуникација, граматички вежби, слушање со
разбирање, читање на различни текстови и пишување.

Време на активноста: дополнителната настава ќе се одржува во текот


на целата учебна година ,со по два часа неделно.

Начин на вреднување: преку заедничка и индивидуална работа,


преку усна и пишана повратна информација.
Цели на дополнителната настава:
 да се оспособи слухово и визуелно да ги препознава новите
зборови, кои учениците не ги препознаваат
 да може да репродуцира зборови и едноставни јазични искази; кои
учениците тешко ги репродуцираат и ги немаат доволно совладано
 да можат да водат едноставна комуникација на ниво на усвоениот
вокабулар со примена на јазичните функции блиски на возраста на
учениците; со помош на наставникот
 да може слухово да ги разликува фонемите на англискиот јазик;
 да препознава нови зборови кои не ги препознава при
реализацијата на редовната настава и да го разбере нивното
значење;
 да почне да ја препознава графијата на претходно усно усвоени
зборови;
 да се оспособи со помош да пишува познати зборови и едноставни
реченици по спелување;
 да стекне информација за други култури
 да се оспособи да пишува едноставни јазични искази;
 да се здобие со знаења за други култури
 да може да чита со разбирање куси и едноставни искази и
текстови за идентификување на конкретни информации; кои во
редоната настава ги нема доволно совладано
 да се оспособи да пишува зборови по спелување и едноставни
јазични искази со правилна употреба на интерпукцијата;
Септември

1. Утврдување и повторување на вокабуларот- делови од лице -2 одд


2. Активности за утврдување на вокабуларот – делови од телото со
разбирање при слушање- 3 одд
3. Повторување на англиската азбука -4 одд
4. Вежби со личните заменки и присвојните придавки- 4 одд

Октомври

5. Активности за утврдување на животните- 2 одд


6. Слушање на кратки дијалози- 3 одд
7. Повторување и утврдување на деловите од телото и некои придавки- 3
одд
8. Повторување на вокабуларот- моето семејство читање и пишување- 4
одд

Ноември

9. Читање на краток текст проследен со слики за прославата на Ноќта на


вештерките -2 одд
10. Активности за презентирање броеви од 11-15 и идентификување на
облици- 2 одд
11. Утврдување на дијалозите со глумење употребувајќи ги изучените
зборови- 3 одд
12. Вежби- множина на именките -4 одд

Декември

13. Активности за утврдување храна -2 одд


14. Повторување на броевите од 16-20 и вокабуларот- делови од куќата
-3 одд
15. Божиќни активности и песнички- 3 одд
16. Усна комуникација давање предлози и зборување за способности- кој
што може и што не може да прави- 4 одд

Јануари

17. Повторување на деловите од телото и боите- 2 одд


18. Повторување на вокабуларот и глаголот can -3 одд
19. Опис на чудовиште- пишување- 4 одд
Февруари

20. Слушање приказна со изучениот вокабулар делови од куќа и мебел


-2 одд
21. Читање краток дијалог- 3 одд
22. Повторување на изучениот вокабулар храна-- 3 одд
23. Читање на краток текст за Денот на вљубените 4 одд
24. Зборување за времето- 4 одд
25. Граматички вежби со употреба на Present Continious Tense- 4 одд

Март

26. Повторување на вокабуларот- мебел-- 2 одд


27. Читање краток текст за здрава храна 3 одд
28. Употреба на формите на Present Simple Tense- I like and I don’t like- 3
одд
29. Граматички вежби со предлозите за време- 4 одд
30. Повторување на изучениот вокабулар- рутини и денови од седмицата
преку читање и пишување- 4 одд
31. Употреба на заповеден начин преку пишување на правила во
училницата- 4 одд
32. Повторување на вокабуларот- месеци и годишни времиња преку
читање и пишување- 4 одд

Април

33. Велигденски активности- учење песника- 2 одд


34. Активности за утврдување на вокабуларот – облека- 2 одд
35. Читање краток текст за Велигден -3 одд
36. Читање дијалози за утврдување на вокабуларот семејство и гл.
форми have got and has got- 3 одд
37. Пишување збориви со спелување -3 одд
38. Вежби со пишување на познат вокабулар -4 одд
39. Опишување на животни со употреба на описните придавки- 4 одд
40. Повторување на изучениот вокабулар храна преку пишување и
читање- 4 одд

Мај

41. Повторување на вокабуларот животни- 2 одд


42 . Пеење песничка за животните- 2 одд
43. Пишување на познати зборови – облека 3 одд
44. Читање дијалози - 3 одд
45. Читање на краток текст – 3 одд
46. Поставување пашања со помош на Wh- questions –4 одд
47. Повторување на вокабуларот- храна- 4 одд
48. Вежби со Present Continious Tense- 4 одд
49. Повторување на вокабуларот- спорт -4 одд

Јуни

50. Повторување на вокабуларот – животни -2 одд


51. Пеење песнички- 2 одд
52. Пеење на познати песнички- 3 одд
53. Читање на текстови- 4 одд

Potrebbero piacerti anche